УНХЦ очекува по 3.000 мигранти дневно во Македонија

Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) очекува во Македонија дневно да пристигнуваат по околу 3.000 мигранти, соопшти неговата портпаролка Мелиса Флеминг.

- Не очекуваме да запре приливот на луѓе во наредните месеци, имајќи предвид дека продолжуваат насилствата во Сирија и во Ирак, како и влошувањето на условите за бегалците во Турција, Јордан и Либан, рече Флеминг. 

УНХЦР бара поголем ангажман на ЕУ и сите земји членки да гарантираат „праведна распределба“ на мигрантите. Европа, како што наведе Флеминг, може да се справи со мигрантската криза ако бидат преземени соодветни мерки.

 

 

Оцени ја веста

25.08.2015 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега