Бугарија упати оклопни возила на границата со Македонија

Бугарија упати оклопни возила на четирите гранични премини, за да зајакне границата со Македонија, поради големиот прилив на бегалци, соопшти денеска бугарскиот заменик-министер за одбрана Николај Караиванов.

- Во оваа етапа, граничните премини ги зајакнуваме од превентивен карактер, изјави тој за бугарското радио, пренесува Танјуг.

Караиванов истакна дека оклопните возила се испратени на граничните премини со Македонија за да се пружи поддршка на граничната полиција и оти, засега, упатени се 25 војници со оклопните возила, а нивниот број може да биде зголемен, доколку тоа го бара ситуацијата.

- Не се планирани заеднички патроли на војската со граничната полиција, истакна бугарскиот заменик-министер.

Досега Бугарија ја зајакнуваше и својата југоисточна граница со Турција, каде испрати над 1000 полицајци и изгради 30-километарски ѕид покрај границата. 

Бугарската министерка за внатрешни работи за Румјана Бчварова, за тамошната телевизија Нова изјави дека Бугарија не очекува да биде зафатена од мигрантски бран.

Таа истакна дека змејата ја следи ситуацијата и наведува дека ризикот за пренасочување на рутата на мигрантите преку Бугарија е многу мал, бидејќи, според Даблинскиот договор, ако и заминат кон други ЕУ земји треба потоа да бидат вратени во Бугарија. А тие не го сакаат тоа.

- Во Турција има два милиони бегалци, но притисокот оттаму не стигнал до нас. Прроблемот е во Грција, затоа што таму не се регистрираат, истакна бугарската министерка, додавајќи дека на тој начин во Европската унија меѓу мигрантите можат да влезат и џихадистички борци

 

 

Оцени ја веста

25.08.2015 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега