Премиерот Груевски на терен ги решава проблемите на граѓаните - жителите на село Љубош задоволни

При посетата на премиерот Никола Груевски во неколку населени места во општина Студеничани, во село Љубош жителите како основен проблем го истакнаа тоа што немаат основно училиште и учениците од тоа село морааат да посетуваат настава во други села.

За само неколку дена по посетата на премиерот, денеска беше остварена средба на претставници од с.Љубош и заменик министерот за образование Спиро Ристовски при што започна постапката да се решава еден од најгорливите проблеми на жителите на село Љубош.

Откако претставниците од село Љубош на заменик министерот Ристовски му ги соопштија сите потребни информации за потребите на ново училиште во нивното село беше договорено општината Студеничани да изготви елаборат за ново училиште кое што ќе треба да го достават до МОН.

Беше договорено дека за 15 дена ќе се оствари нова средба, откако елаборатот за училиштето ќе биде готов и доставен до МОН ќе бидат договорени нови активности.

Ристовски на жителите од с.Љубош им вети дека доколку бидат собрани сите потребни документи, иницијативата за ново училиште во Љубош ќе биде доставена на разгледување на седница на Влада при што дополнително ќе биде одлучено како ќе се реализира и начинот на кој ќе се реализира овој проект.

-Задоволни сме од средбата, сега останува на нас за 15 дена да го донесеме проектот и да ги договорите понатамошните постапки, истакна Кенан Имери, претставник на жителите од с.Љубош.

Во село Љубош има околу 400 ученици кои немаат основно училиште и настава посетуваат во основните училишта во околните села, а за да стигнат на училиште мораат да поминат и по неколку километри.

Директните средби на премиерот Груевски со граѓаните, запознавајќи се со нивните реални проблеми се покажа како вистински начин за решавање на истите. 

За само неколку дена по посетата денеска беше остварена средба и започна да се решава еден реален проблеми на жителите на село Љубош.
Граѓаните од Студеничани се видно задоволни од посетата на премиерот.

-Посетата на премерот беше корисна за нас граѓаните бидејќи ни вети и добивме доста инвестиции за изградба и асфалтирање на локални патишта, водовод, канализација, истакна Кенан Имери, претсатавник на жителите од с. Љубош.

 

 

Оцени ја веста

25.08.2015 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега