ГРОМ поддржува мнозински изборен модел

Евентуална промена на изборниот модел е од суштинско значење за функционирањето не само на Собранието, туки и на сите Влади во иднина, велат од Граѓанската опција за македонија- ГРОМ.

-Сметаме дека евентуалната промена на постоечкиот изборен модел од шесте изборни единици да биде во мнозински изборен модел со отворени листи. На тој начин, луѓето со најголем кредибилитет кај граѓаните, независно дали се членови или не на политичка партија, ќе влезат во Собранието на Република Македонија, истакна Љупчо Пренџов, организационен секретар на ГРОМ, на денешната прес-конференција.

Мнозинскиот систем, според ГРОМ, директно го подигнува квалитетот и кредибилитетот на Собранието на Република Македонија.

-Истовремено, сметаме дека оваа е сериозна расправа која што бара сериозни аргументи. Прашувам, како тоа на Зоран Заев три пати по ред да стане градоначалник на општина Струмица не му пречеше мнозинскиот изборен модел- а сега му пречи.
Како тоа на Зоран Заев да стане трипати градоначалник на општина Струмица не му пречеше што нема направено попис, а сега истиот му пречи. Сметаме дека ниту една партија, чесна во своите намери не треба да се плаши од изборот на граѓаните на Република Македонија, додаде Пренџов.

Мнозинскиот систем и отворените листи единствено го зголемуваат политичкиот избор за квалитетни кадри и ја прошируваат политичката понуда кон граѓаните, сметаат од ГРОМ.

 

 

Оцени ја веста

25.08.2015 - 15:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега