Спортските федерации задоволни од владините стипендии за поддршка на млади и талентирани спортски надежи

Паралелно со инвестициите во спортската инфраструктура продолжува и подршката на талентираните спортисти. Досега во рамки на проектот за доделување на 500 стипендии за млади и талентирани спортисти – Спортска надеж, се доделени 2859 стипендии на кои како држава им е исплатено околу 2 милиони евра.

Премиерот Никола Груевски во неделата потенцира дека освен што Владата инвестира во изградба на игралишта, таа финансиски помага и талентирани млади спортисти.

-Веќе 5-6 години ние секоја година стипендираме по 500 млади спортски надежи на возраст до 20 години. Стипендирањето е 20 посто од просечна плата, околу 4200 денари. Истото се одвива по пат на соработка со федерациите. Секоја федерација има одредена бројка која ја предлага до Владата за најталентирани спортисти кои треба да се финансираат и помогнат. Досега во изминативе години се финансирани околу 2 милиони евра во стипендирање на млади спортски надежи. Освен тоа што градиме многу спортски сали, фудбалски терени, 100 мали фудбалски игралишта, повеќенаменски, 120 тениски игралишта, тоа е инфраструктура. Освен делот на инфраструктурата, даваме и средства за поддршка за најталентираните во Македонија, рече премиерот.

Сите податоци ќе бидат соберени до крајот на месец август, а потоа ќе почне исплаќањето на стипендиите за новата сезона септември-јуни. Спортските федерации задоволни од ваквиот проект кој што е и од значење за развој на спортот во Македонија.

-Секако дека се дополнителна стимулација. Треба да кажеме дека во нашата паралелка по фудбал сега се запиша 4 генерација во Скопје, а исто така во дисперзираните центри имаме 8 паралелки. Што значи дека во сите градови фудбалската федерација заедно со Владата на Република Македонија обезбеди изградби на терени со вештачка трева. Имаме формирано паралелки по фудбал. Се работи за бројка од 500 млади фудбалери кои циркулираат низ тие спортски центри. Исто така е важно да се каже дека Владата на Република Македонија обезбеди и 300 стипендии, вели Зоран Стратев од фудбалската федерација.

vlatko

Тој нагласува дека дечињата кои учествуваат во спортските паралелки по фудбал ќе добиваат оваа година сите стипендија плус, така да тоа е една голема стимулација која секако е добра за развој на младите спортисти со тоа што ќе ја збогатат својата исхрана и со право може да се надеваме на поквалитетни фудбалери, вели Стратев.

-Секако дека за еден млад спортист, за едно дете се дава поддршка којашто доаѓа од Владата и Агенцијата за млади и спорт и од Министерството за образование. Дали тие средства тие ќе ги искористат за свое усовршување за спортска опрема, правилна исхрана и слично, тие редовно на месечна основа доаѓаат до младите спортисти и секако дека тоа е еден голем стимул за нив, нивен правилен развој во спортот и мотивација за понатамошно усовршување, смета Влатко Неделковски од ракометната федерација.

 

 

Оцени ја веста

25.08.2015 - 15:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега