Дневна болница ставена во функција во прифатниот пункт во Гевгелија

Два современи контејнери во кои е сместена привремената дневна болница за здравствена заштита на мигрантите во прифатниот пункт во Гевгелија беа поставени денеска и веќе се ставени во функција.

Покрај ова, на терен продолжуваат работите за оградување на камп просторот, се тампонира приодниот пат, се инсталира мрежа за јавно осветлување и се поврзуваат сите пунктови кон електричната мрежа. До конечното уредување на септичката јама поставени се 10 пластични тоалети со најава дека ќе бидат поставени уште толку, а комуналната хигиена се одржува редовно со поставени контејнери и нови канти за отпадоци.

Во очекување на поголем бегалски наплив сите предвидени зафати во прифатниот камп ќе бидат завршени во најбрз можен рок. Состојбата во градот е нормализирана, просторот околу транспортниот центар е исчистен од отпадоци, а железничката и автобуската станица повторно функционираат нормално.

Бегалците кои пристигнуваат во прифатниот пункт, по евидентирањето од платформата крај пунктот се качуваат на специјалните возови за Табановце, а оние кои пристигнуваат по заминувањето на возовите патот кон северната граница и денеска го продолжуваат организирано со автобуси и такси возила.

 

 

Оцени ја веста

25.08.2015 - 19:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега