Ефтов до Заев: Не сакаш апсолутна власт, а каква власт имаш во Струмица?

Различен од Груевски не се станува со изјави од типот не сака да има апсолутна власт за да не бил како Груевски. А каква власт имаш во Струмица?! Ова е прашањето што новинарот Васко Ефтов во коментар на Фејсбук го упати до Заев.

Нема партија и Претседател на партија во светот кои не сакаат да освојат мнозинство мандати на изборите. Ама Заев и СДСМ не сакале! Зошто? Да не биле како Груевски!!! Добро, има ли некој во таа партија да му каже на овој човек да се воздржи од изјави за медиумите, стои во коментарот на Ефтов по повод вчерашната изјава на лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев во Пехчево.

-Вчера во Пехчево Зоран Заев категорично изјави: Зоран Заев не сака да стане нов Никола Груевски!!! Како ќе го спречи тоа!? Така што СДСМ не сака да освои апсолутна власт во државата. Затоа СДСМ сака избори во една изборна единица, а не избори според мнозинскиот модел. Види богати. Нема партија и Претседател на партија во светот кои не сакаат да освојат мнозинство мандати на изборите. Ама Заев и СДСМ не сакале! Зошто? Да не биле како Груевски!!! Добро, има ли некој во таа партија да му каже на овој човек да се воздржи од изјави за медиумите. Груевски не се станува ако освоиш 62 пратенички мандати. Ако освоиш 62 пратенички мандати стануваш власт. Груевски стануваш ако владееш како Груевски, а не ако убедливо ја добиеш довербата од граѓаните. За да не бидеш како Груевски треба да владееш различно од Груевски, а не да ги изгубиш изборите. Ако сакаш да бидеш различен од Груевски тогаш биди различен од Груевски: Ако Груевски е сликан со очила за сонце од две илјади долари тогаш не си различен од Груевски ако членови на твојата фамилија се сликаат како анимир дами на скапа јахта, ако тебе ти ги снимаат скапите хациенди во Грција или ако твојата заменичка се луксузира во јахти на Јонското Море. Само така се станува различен од Груевски, а не со глупи изјави од типот не сака да има апсолутна власт за да не бил како Груевски. А каква власт имаш во Струмица, прашува за крај Ефтов.

 

 

Оцени ја веста

25.08.2015 - 19:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа