Пожар во Велес

Голем пожар кој попладнево некаде околу 17 часот изби на велешката градска депонија се уште гори.
 
Со огнената стихија, а со цел да не се прошири и на околината, повеќе од три часа се справуваат вработени од Противпожарната единица од Велес и ЈКП „Дервен“ кое стопанисува со депонијата.
 
Како што за МИА информираа од ППЕ, во моментот се гаси со вода од две цистерни на ЈКП „Дервен“ и една цистерна на  ППЕ, а вклучени се и вработени и од ЈКП „Дервен“.
 
Како што велат од ППЕ ако до утре изутрина пожарот не се изгасне со вода,  во гасење на пожарот на велешката градска депонија ќе биде вклучена и тешка механизација односно булдужери.
 

 

Оцени ја веста

25.08.2015 - 20:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега