ПИТИЈАДА: Велес повикува на пита и одлична забава

На просторот пред кафетериите на улицата „Благој Ѓорев“ во новиот дел на Велес на 9,10 и 11 октомври ќе се одржи 12. „Питијада“.

Градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев денеска на прес-конференција истакна дека интересот за учество на манифестацијата од година во година е се поголем, како од производители на пити, така и од винарии. 

- Овие денови се финализираат и преговорите со 50-тина учесници од регионот, прозводители на пити и винарии. Учесниците од регионот се винарии од општините од Вардарскиот плански регион. Како организатор, општината е подготвена да обезбеди штанд за секој учесник, рече Чадиев.

Во музичкиот дел на манифестацијата ќе настапат познати уметници од Македонија и од поранешната Југославија.

На свеченото отворање на 9 октомври ќе настапат Зуица Лазова, Благоја Груевски, Миле Кузмановски, групата „Виртус“ и Анета „Молика“, тамбурашите на Звонко Богдан – „Равница“ и групата „Маестро“.

На 10 октомври ќе настапат велешки бендови и фолклорни ансамбли, а во вечерните часови публиката ќе ги забавуваат македонските финалисти на Х фактор – Давид Темелков и Боби Мојсовски, како и Трајче Георгиев како гостин на Влатко Лозановски, Тамара Тодевска и хрватскиот бенд „Парни ваљак“. 

За 11 октомври велешани ќе ги забавуваат велешки групи и фолколни ансамбли, а вечерта најавен е настап на Ален Хасановиќ и Филип Божиновски, групите Фолтин и ДНК и Калиопи.

Првите два дена ќе бидат организирани и after party забави со диџеи. 

- Питијадата се организира за да се зачува традицијата, односно питата како бренд на Велес, а притоа да се презентира и добра забава за посетителите. Во оваа насока, Општина Велес ги поканува граѓаните на Велес, но и граѓаните на Република Македонија да ја посетат манифестацијата, рече Чадиев.

 

 

Оцени ја веста

25.08.2015 - 22:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа