Во манастирот во Матка традиционално ќе се одбележи празникот Успение на Пресвета Богородица

По повод одбележувањето на православниот празник Успение на Пресвета Богородица кај народот познат како Голема Богородица, во истоимениот манастир во Матка, кај Скопје, утре ќе се одржи вечерна богослужба, Духовна академија и полноќно бдеење, пишува МИА.

Четврта година по ред ден пред празникот во манастирот се одржува Духовна академија. Предвидено е црковно пеење и читање псалми.

На денот на празникот 28 август, во 9:00 часот во манастирот ќе се одржи Света Божествена Литургија со која ќе чиноначалствува поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија г.г Стефан.

Одбележувањето ќе биде збогатено и со културно-забавна програма. Традиционално во дворот на манастирот на празникот по богослужбата се одржува крводарителска акција. 

 

 

Оцени ја веста

26.08.2015 - 09:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега