Делови на Скопје утре без струја

 

Без напојување со електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Центар, Аеродром и Сарај.

Како што соопшти денеска РЦУК во периодот од 8 до 14 часот, корисниците од улиците 11 Октомври, Димитрија Чуповски и Македонија, сите стопански и нестопански објекти од порта Македонија до поранешната пицерија Дал Фуфо (Пелистер), до семафорите кај Рекорд и повторно до порта Македонија, во општина Центар.

Во периодот, пак, од 8.30 до 09.30 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците „Васил Левски“, „Кумровец“, како и дел од корисниците од улицата „Владимир Назор“, исто така од општина Центар. 

Без струја во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата „Божин Николов Силни“ во општина Аеродром, како и дел корисниците од улицата „ 20“ на влезот на село Сарај

 

 

Оцени ја веста

26.08.2015 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега