Грчката црква се наостри: Македонија претставена со уставно име на собир на европски цркви

 

Претставниците на Грчката црква и на Кипарската црква упатија остри критики до генералниот секретар на Конференцијата на Европски цркви на чие 14. генерално собрание е покажана мапа на која Македонија била претставена со уставното име, а Кипар воопшто не бил прикажан.

Од 3 до 8 јули во Будимпешта се одржува редовното 14. Генерално собрание на Конференцијата на Европски Цркви (КЕК). На настанот присуствуваат повеќе од 470 учесници од кои 220 се делегати, кои претставуваат околу 120 цркви.

Високи претставници на Грчката црква издале заедничка изјава во која упатиле протест до организаторот на настанот и го изразиле нивното незадоволство од тоа што Македонија била претставена со уставното име, истакнувајќи дека „такви ситуации не смеат да се случуваат“, пренесува МИА.

најчитано сега