Пописот заврши - знаете ли колку штркови има во Македонија?

Општината Чешиново Облешево како дел од мрежата „Европско село на штркот“, заврши со пописот на штрковите, кој се реализираше со помош на Македонското еколошко друштво и волонтери од општината.

- Пописот покажа дека во Македонија има 817 активни гнезда на штркови во кои живеат вкупно 3.661 штрк. Според пописот, штрковите во Кочанското поле се најгусто населени и тоа со повеке од 2 штрка на квадратен километар. Од нив во општина Чешиново Облешево се пребројани над 70 активни штркови гнезда, каде што е регистрирано и најголемото штрково гнездо со пречник од 3,2 метри, изјави Катерина Постолова од општина Чешиново Облешево.
 
За заштита на штрковите како ретки птици општината заедно со ЕВН во изминатите два месеца поставува платформи за штркови гнезда со што ги спасија шптрковите и нивните гнезда од уништување на електричните столбови.
 

 

Оцени ја веста

27.08.2015 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега