Млад штипјанец произведувал дрога и ја пуштал во промет

Дваесетипетгодишниот М.К. од Штип неовластено произведувал и пуштал во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, со што овозможил употреба на наркотични дроги и психотропни супстанции.

СВР Штип за овие дела против него поднесе кривична пријава.

Пријавениот во текот на месец ноември 2014 година, откако претходно неовластено од непознато лице од Штип набавил одредена количина наркотична дрога марихуана, на 5.11.2014 година за сума од 500 денари му продал 0,80 грама наркотична дрога марихуана на малолетно лице од Штип, соопшти МВР.

 

 

Оцени ја веста

27.08.2015 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега