Се реконструира булеварот „Видое Смилевски - Бато” во Тетово

Секторот за сообраќај, патишта и градежно земјиште при општина Тетово денеска започна  со  работите за реконструкција на булеварот „Видое Смилевски – Бато” познат и како „Индустриска“ во делот  што почнува од кружниот тек кај супермаркетот Веро до мостот над реката Пена  во близина на зградата од компанијата Еколог.

Овој дел на булеварот претставува приоритетна улица  но беше доста оштетен и како таков го отежнуваше слободното одвивање на сообраќајот во овој дел на градот. Според најавите од Секторот за информирање при општина Тетово, при овој зафат ќе се изврши  реконструкција на пат во должина од 500 метри, широчина 7,5 метри, тротоар  со должина од 500 метри, нови странични делови на двете страни како и жардиниери со зеленило во средина.

Градежните работи за реконструкција на овој дел на овој булевар се очекува да завршат за 30 дена. Активностите се дел од годишниот план на Секторот за сообраќај, патишта и градежно земјиште за целосна реконструкција на улиците низ општина Тетово.

 

 

Оцени ја веста

27.08.2015 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега