Курц со директна порака до Грција за пропуштањето на мигрантите

За време на министерската сесија на која учествуваа министрите за надворешни работи на државите од западен Балкан и домаќинот Австрија, Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц се задржа на проблемот со илегалните мигранти.

-Ние како ЕУ треба да им појасниме на земјите кои не спаѓаат во нашата група како треба да ги прават работите и треба да бидеме самокритични дека е срамно што една ЕУ држава се поврзува со пропуштање на илјадници мигранти дневно. Тоа е срамно и ние како ЕУ треба  да преземеме спротивни мерки бидејќи тоа е неприфатливо за Македонија а потоа и за Србија и Унгарија каде се упатуваат натаму бегалците. Втората точка на која сакам да се осврнам е дека кога сме свесни дека доаѓа до постојана премин каде добро се заработува нудејќи се такси превоз  за цена десет пати повисока за мигрантите за да бидат превезени од една граница до друга. Кога го гледаме тоа, сметам дека треба да размислиме за промена на системот кој би ги спречил овие работи натаму. Можеби тоа би биле системи за барање азил директно во средините од каде потекнуваат мигрантите а ако мигрантите сепак мораат да летаат во Европа, тоа да биде сигурен и безбеден пат, истакна австрискиот министер за надворешни работи.

Во поздравното обраќање, австрискиот канцелар Венрер Фајман истакна дека е потребен заеднички и координиран ангажман на ЕУ и државите кои ги засега оваа појава. Тој додаде дека без распределба на одговорности, осигурување и контрола на границите, нема да се реши кризата, затоа потребна е одлучност во решавањето на овие предизвици.

 

 

Оцени ја веста

27.08.2015 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега