Срби шверцувале портокали во Македонија

Царинската управа заплени 2 тони портокали.

При преглед на стока пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 3, царинските службеници утврдија дека 2 тони портокали не се опфатени со увозната декларација, односно се непријавени.

Во вторникот (25.08.2015 г.) околу 13.00 часот за влез во државата на граничниот премин Табановце пристигнало товарно моторно возило со српски регистраски таблички натоварено со портокали со потекло од Холандија, коишто требало увозно да се царинат во царинската ипсостава Скопје 3. При преглед на документите, односно споредба на вредностите наведени во декларацијата и кантарската белешка (од вага), царинските службеници се посомневале дека во возилото се наоѓа повеќе стока од пријавената, стои во соопштението од Управата.

Имајќи предвид дека станува збор за лесно расиплива стока, како и поради жештините и немањето соодветни услови за преглед на ваква стока, царинските службеници од граничниот премин Табановце го ослободиле возилото да ранзитира до Царинската испостава Скопје 3 и да продолжи со увозно царинење,  претходно известувајќи ги колегите за случајот и сомневањата. 

При детален преглед на стоката која била растоварена во царински склад за таа намена, утврдено е дека 1.932 кг портокали не фигурираат во увозните документи, поради што е изготвен записник за царински прекршок, а стоката е одземена.

Во текот на денешниот ден, стоката е предадена на Агенцијата за управување со одземен имот, од каде се планира да биде донирана за потребите на Прифатниот центар за мигранти во државата.

 

 

Оцени ја веста

27.08.2015 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега