Мајката на Даниел Кајмакоски се залага дијаспората да има свои пратеници во Собранието?

Премиерот Груевски вчера оствари средба со претставниците на македонската дијаспора во Виена, Австрија каде истакна дека ставот на македонската Влада е иселениците да имаат свои претставници во Собранието на Република Макеоднија.

Во текстот кои го пренесе МИА, Ружа Кајмаковска, иселеник од Македонија во Виена истакна:

„Ние имаме длабоки врски со нашата татковина и сакаме нашиот глас исто да се слушне во Парламентот, да имаме право на глас....Ние сме многу задоволни што во овој момент не посетува нашиот премиер, тоа е знак на добра соработка и врски со нашата татковина и тоа ни значи нормално“. 

Имајќи предвид дека мајката на амбасадорот на Македонија, победникот на Х-Фактор Даниел Кајмакоски се вика Ружа, најверојатно станува збор за истата личност. Познато е дека Даниел со семејството уште како мал ја напуштил Македонија и се исели во Виена Австрија.

 

 

Оцени ја веста

28.08.2015 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега