Виничани- село во кое речиси секое семејство има трето дете, позитивен пример за раст на наталитетот

Расте наталитетот во селото Виничани во општина Градско. Овде скоро секое семејство има трето дете. Родителите велат дека не е тешко да се одгледуваат повеќе деца оти токму тие се радост во секој дом.

Годинава за прв пат е забележан пораст кај запишаните првооделенци. За 27 проценти е зголемен бројот на првачиња во општина Градско.

Веќе неколку години, семејствата со трето дете добиваат родителски додаток од државата. Месечниот надомест изнесува 8.400 денари.

Надоместокот за трето дете се исплаќа во рок од 10 години во вкупен износ од околу 16 илјади евра. 

 

 

Оцени ја веста

28.08.2015 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега