Скопјанец ограбил сограѓанин - барал да му даде се што има

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.А. (58) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво“, притоа стекнувајќи се со противправна имотна корист од 1.560 денари.

Како што соопшти МВР, на 21-ви овој месец, пријавениот на ул “11-ти Октоври“, поточно во паркот „Жена Борец“ извршил разбојништво над лицето Ц.С. (59) од Скопје така што откако го пресретнал му се заканил по неговиот живот и му рекол да му даде се што има во џебовите.

Оштетениот исплашен за својот живот го извадил новчаникот и на пријавениот му дал 1.510 денари, а пријавениот сам од џебот на блузата на оштетениот му одзел една кутија цигари по што се упатил во правец на Собранието на РМ.

Случајот е пријавен во полиција и истиот ден од страна на полициски службеници од единицата АЛФА на ул “11-ти Октомври“ пресретнат е пријавениот кај кого при преглед се пронајдени одземените пари и цигари и е лишен од слобода во Полициската станица Центар. 

 

 

Оцени ја веста

28.08.2015 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега