Ставрески: 500 нови вработувања во Кавадарци

Кавадарци е една од општините во која имаме најмала невработеност, оцени денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески по потпишувањето на Договорот за реконструкција и доградба на едно основно и две средни училишта во општината.

- Кавадарци е општина во која имаме многу вработувања, пред се во „Дрекслермаер“ каде бројката на вработени надмина 5.000 лица, а со последната најава дека во септември ќе има уште 500 вработувања ќе се приближиме до околу 6.000 работни места што е извонредно голем број на вработувања. Исто така преку проектот „Македонија вработува“ над сто кавадарчани најдоа работа, истакна вицепремиерот Ставрески.

Тој додаде дека општината се движи во добра насока и оти се создаваат подобри услови за живот за граѓаните на Кавадарци.

 

 

Оцени ја веста

28.08.2015 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега