Владините инвестиции и проекти во образованието придонесоа за подобар и поквалитетен образовен процес

Бесплатно образование и бесплатни учебници, изградени нови училишта и спортски сали, реконструирани училишни објекти, компјутер за секое дете, повисоки плати за наставниот кадар и трансформирани работни односи на околу 8000 образовни работници, се само дел од успешно реализираните проекти во образованието во изминатите неколку години. Образованието е еден од најважните приоритети на Владата и затоа од година во година се зголемуваат инвестициите и проектите кои придонесоа за зголемување на квалитетот на македонскиот образовен процес.

Со инвестиции во објектите во образованието од околу 50 милиони евра за изградба на нови и реконструкција на постоечките образовни објекти, се опфатени 470 училишта, од кои 74 се изградени или во тек на градба а 395 се реконструирани или во процес на реконструкција. За вработените во образованието ова претставува едена од најзначајните работи од причина што последен пат, нов училишен објект беше изграден пред осамостојувањето на нашата земја. Сега како што велат и вработените во образованието непостои општина во која не се подобрени условите за образовен процес и работа. Со владината поддршка за овој вид проекти директно се опфатени повеќе од 140 илјади ученици и голем број на наставен кадар.

Дополнително досега, изградени се и 47 училишни спортски сали во вредност од 1,4 милијарди денари, со што се обезбедија подобри услови за спорт и рекреација на повеќе од 40.000 ученици како и 33 спортски сали преку Агенцијата за спорт и млади. Во многу училишта воопшто не постоеја простории за реализација на часовите по спорт и спортски активности, како и за рекреација на учениците,а сега добија современи, целосно опремени спортски сали.

Паралелно со инвестициите во објектите се воведе и задолжително и бесплатно образование за сите граѓани до 18 години. Веќе 6 години се обезбедуваат бесплатни учебници за сите ученици во основното и средно образование, за што се инвестирани повеќе од 2,15 милијарди денари (35 милиони евра) аовој концепт ќе продолжи да се спроведува и во иднина како што најави премиерот Груевски при неговата посета во Јегуновце, со замена на учебниците постари од пет години освен оние за природни науки и математика за седмо осмо и девето одделение, за што Владата ќе инвестира 7 милиони евра.

-Оваа година ќе извршиме замена на старите со нови учебници. За таа цел ќе бидат испечатени нови учебници од прво до деветто одделение во основното образование и од прва до четврта година за средно образование. Во тој дел исклучок се само учебниците по математика и природни науки во седмо, осмо и деветто одделение кои согласно Акцискиот план за воведување на Кембриџ образовниот систем ќе бидат воведени во септември 2016 година. Лани беа заменети учебниците по Кембриџ системот за математика и природни науки за прво, второ и трето одделение, годинава ќе бидат заменети за четврто, петто и шесто одделение, а догодина за седмо, осмо и деветто, рече премиерот Груевски.

Овој проект е директно насочен за поддршка на околу 200.000 родители и на 280.000 ученици, кои за разлика од некои други времиња, мораа да плаќаат за секој учебник по 300, 400, 500 денари и повеќе, односно од 100 до 150 евра годишно, сега тоа е обврска на државата, исто како и обезбедувањето на бесплатен превоз за учениците коишто посетуваат училишта кои се оддалечени повеќе од 2,5 километри од нивните домови.

Имплементација на Кембриџ образовниот систем истотака претставува една значајна реформа во образованието, од учебната 2014/2015 година учениците од прво до трето одделение ги изучуваат предметите математика и природни науки по целосно нови, наставни програми и учебници на Меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ, од оваа учебна година, ќе бидат опфатени и учениците од четврто до шесто одделение, а од 2016/2017 година ќе бидат опфатени и учениците од седмо до деветто одделение. Со оваа реформа Република Македонија стана единствената земја и лидер во регионот, кој го имплементира еден од најквалитетните, Кембриџ образовниот систем. Освен во основното, предмети од областа на бизнисот, иновациите и претприемништвото се воведени и во средното образование.

Во насока на модерен и квалитетен образовен систем Владата успешно го имплементираше и проектот “Компјутер за секое дете“, кој е една од најголемите инвестиции во насока на зголемување на ефикасноста и квалитетот на образовниот процес во земјата. Целта на овој проект е зголемување на степенот на користење на компјутери и интернет со што значително се подобруваат информатичко-технолошките вештини на учениците, како и на нивните професори, преку можноста за побрз и едноставен пристап до образовните дигитални содржини и информациите на глобалната интернет мрежа. А како надоврзување на овој проект Владата најави набавка на 300.000 таблет компјутери (со тастатура) за сите ученици во основно и средно образование, во следниот три годишен период.  

Со овие капитални и исклучително значајни проекти во образованието како и со останатите мерки и инвестициски проекти во оваа област, македонското образование од година во година е поуспешно чекори во процесот на доближување на македонскиот образовен систем по образовните системи на европските развиени држави. Во тој контекст се и редовните најави од Владата за нови и дополнителни проекти во оваа област со што се потврдува дадениот збор дека образованието на идните генерации претставува еден од врвните приоритети во работата на Владата. 

 

 

Оцени ја веста

28.08.2015 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега