Голема трагедија ја потресе Македонија: Загина едно дете, неколку се борат за живот!

Денеска околу 16,30 часот во Велес, атар на с.Бузалково кај местото викано .„Врбица“ З.С.(2002) управувајќи трактор на кој имало неколку деца изгубил контрола над него по што се превртел во провалија.

При незгодата на лице место починал В.А.(2002), а Х.А.(2005), Џ.С.(2004) се пренесени во Клиничкиот центар- Скопје со телесни повреди, а Е.С.(2009)  со тешки телесни повреди (скршеница на нога и повреди во стомакот) исто така е пренесен во Клиничкиот центар Скопје, додека З.С. е пренесен во Клиничката болница исто така со тешки телесни повреди.

Увид се врши на местото на несреќата.

 

 

Оцени ја веста

28.08.2015 - 20:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега