Општина Дебар издвои 300 илјади денари помош за Тетово

Советот на општина Дебар на денешната попладневна седница одлучи да додели хуманитарна помош за Тетово во износ од 300.000 денари. За одлуката гласаа членовите на Советот од сите политички партии. 

Од Дебар за настраданите подрачја од поплавите во Тетовско  досега бизнис секторот и невладините организации испратија и над 50 тони облека и храна, амбалажирана вода, како и поголема сума пари.Во акцијата за хуманитарна помош за Тетово се вклучени и Општинската организација на Црвениот крст. 

На денешната седницата дел од советниците побараа општината да извои средства кои ќе бидат наменети за набавка на амбалажирана вода која ќе биде наменета за мигрантите кои во Македонија влегуваат во Гевеглија.

 

 

Оцени ја веста

29.08.2015 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега