Почнува „Смоквијада“ во Гевгелија

Во Гевгелија денеска ќе се одржи традиционалниот фестивал на смоквата на кој најдобрите приготвувачи на слатко ќе се натпреваруваат во производство на слатко од зрели смокви.

Покрај натпреварувачите од Гевгелија, годинава на манифестацијата ќе учествуваат и гости од Грција, Романија и Бугарија, соопштија организаторите кои информираа дека покрај натпреварот во приготвување слатко од смокви, ќе биде организирана и богата културно-уметничка програма. 

Смоквијадата ќе почне со фолклорно дефиле и гевгелиската химна која ќе ја изведат „Распеани гевгеличани“, а покрај нив ќе настапат и пеачките групи од Сандански и Банско од Бугарија, Влашко културно уметничко друштво од Грција, КУД „Бојмија“ од Гевгелија и Мишко Крстевски.

Смоквијадата се одржува во организација на граѓанското здружение „Тера“, под покровителство на општина Гевгелија

 

 

Оцени ја веста

29.08.2015 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа