Изградбата на сегментот од фекална канализација во Илинден е во завршна фаза

Општина Илинден продолжува со реализација на капиталниот проект „Изградба на фекална канализација за прифаќање третман и одведување на отпадните води“.

Во таа насока во населеното место Илинден се вршат градежни активности за изградба и поставување на 6 (шест) препумпни уреди, како завршен дел од првиот сегмент од фекалната канализација во насeлба Илинден-припадна површина 7.

Досега изградени се 3400 метри канализационен систем како и комплетно е изградена и инсталирана пречистителна станица со капацитет од 1.250 еквивалент/жители, односно прифаќање на отпадни води од околу 330 домаќинстава.

Станува збор за пречистителни станици кои се комплетно автоматизирани и претставуваат модуларни системи кои што зафаќаат мал простор, имаат мала потрошувачка на електрична енергија и можат да се надградуваат во согласност со зголемувањето на капацитетот на еквивалент жители.

Вкупната вредност на овој проект изнесува 30 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на општина Илинден.

Градежните активности се планираат да бидат завршени во месец септември и системот да биде пуштен во употреба.

Покарај овој сегмент досега комплетно изградени и пуштени во употреба се два системи во населените места Марино и Кадино.

 

 

Оцени ја веста

29.08.2015 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега