Македонски пливач води на Охридскиот маратон

Некаде на половина од 30-те километри од годинешниот Охридски пливачки маратон, водството во трката го има нашиот пливач Александар Илиевски.

Групата од осум, девет пливачи што ја предводи трката се наоѓа некаде на потегот меѓу автокампот „Градиште“ и хотелот „Десарет“.

Инаку, групата на чело на трката веќе се издвои од останатите пливачи, кои се со заостанување од повеќе од еден километар.

Засега не е регистрирано ниту едно откажување, односно во трка се сите дваесет пријавени пливачи.

Временските услови веќе не се идеални како што беше на стартот. Дува умерен ветар од северен правец што значително им ја отежнува работата на маратонците. Во вакви услови нема шанси да биде соборен рекордот на трката, што пред две години го постави францускиот пливач Аксел Рејмонд, кој патеката ја исплива за 5:09:54(95) часа

 

 

Оцени ја веста

29.08.2015 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега