Груевски: Заев се заканува со кривична пријава за да го одржи неговото членство во некаква надеж

- Заканите од лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев со кривична пријава е дел од фолклорот за кревање на моралот за нивното членство, оцени денеска премиерот Никола Груевски во коментар за изјавата на Заев дека откако ќе биде избран специјалниот обвинител ќе ги поднесе кривичните пријави.

- Тоа е дел од фолклорот на Заев кој изминатиот период има тешка задача да го одржи моралот и духот меѓу неговото членство. Како што знаете, во минатото говореше дека за три дена ќе падне Владата. Потоа ја смени изјавата и кажа дека нема да падне за три дена, туку ќе падне за 30 дена, па дека ќе падне за 45 дена, па за 60 дена итн. Во меѓувреме ништо од сите тие работи не се реализира. Сега откако излегоа многу домашни и меѓународно признаени испитувања на јавното мислење и проценки на релевантни меѓународни институции за тоа какво е расположението на граѓаните за наредните избори и кому ќе му ја дадат довербата се виде дека граѓаните убедливо и силно ќе ја дадат довербата на ВМРО-ДПМНЕ,  изјави премиерот Груевски на новинарско прашање по посетата на индустриската зона во општина Василево.

На Заев, како што рече Груевски, му е потребна нова приказна за да го одржи неговото членство во некаква надеж, а тоа е дека ќе има некакви апсења, дека ќе има обвиненија и дека на тој начин СДСМ ќе добие некаква шанса.

- Човекот мора да се снаоѓа, мора нешто да им каже на луѓето да се борат дека има некаква шанса да победат односно да го добијат мнозинството од гласовите на граѓаните. Така што тоа е дел од неговиот фолклор за одржување на атмосферата во неговата партија. Нека продолжи така, а ние ќе продолжиме со проекти, со исполнување на нашата Програма и со помагање на народот и на граѓаните, рече премиерот Груевски.

 

 

Оцени ја веста

29.08.2015 - 18:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега