Груевски: Во 2015 година се очекува извозот двојно да се зголеми

- Извозот на државата во 2014 година во однос на 2006 година е зголемен за 94,3 проценти што претставува без малку дуплирање на извозот, а заклучно со 2015 година се очекува зголемувањето да биде повеќе од двојно, истакна премиерот Никола Груевски.

- За преку 1,8 милијарда евра е зголемен извозот споредбено со 2006-2014 година, од кои 637 милиони отпаѓаат на зголемување на извозот на домашните инвеститори. Голем удел имаат странските инвеститори, меѓутоа сериозен е и уделот на домашните инвеститори затоа што во меѓувреме добија подобрена бизнис клима, добија пониски даноци, помала бирократија, добија Влада која излегува во пресрет на нивните барања, рече Груевски одговарајќи на новинарско прашање по посетата на индустриската зона во општина Василево

Премиерот Груевски истакна дека е прилично задоволен од движењето на извозот.

- Веќе оваа година во првите шест месеци имаме зголемување на извозот од 11,6 отсто. Што значи дека заклучно со 2015 година не само што ќе биде приближно дупло зголемен, туку ќе биде повеќе од дупло зголемувањето на извозот на Република Македонија. Ние ќе продолжиме со нашите политики за стимулирање на извозот, за подобрување на бизнис климата и за давање што поголема поддршка на бизнисот и на компаниите затоа што тие се генераторот на отворање нови работни места и тие се оние кои го прават извозот и внесуваат девизи во Македонија, рече Груевски.

 

 

Оцени ја веста

29.08.2015 - 19:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа