Продолжуваат горештините низ Македонија

 

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб југоисточен и источен ветер. Температурата ќе се движи од 31 до 37 степени. 

Во Скопје слично време, сончево и топло со слаб југоисточен и источен ветер. Температурата ќе достигне до 37 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во наредените денови времето ќе биде претежно сончево, суво и топло. Особено топло за овој период од годината се очекува во северните и источните делови од земјава. Извесно зголемување на облачноста се очекува во среда кон крајот на денот и во четврток, со локален дожд, појава на грмежи и благ пад на дневната температура.

 

 

Оцени ја веста

30.08.2015 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа