Детали од трагедијата кај Струга

Околу 16.00 часот вчера на магистралниот пат од Струга према Ќафасан, на излез од градот се случила сообраќајна незгода.

Во сообраќајката учествувале патничко моторно возило „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки управувано од Г.Г.(27) од с.Франгово и велосипедист Владимир М.(1949) од Струга.

Во незгодата Владимир М. се здобил со повреди и бил пренесен во ГБ-Струга каде починал.

Увид на местото на настанот извршиле ЈО и екипа од ПС-Струга. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

 

 

Оцени ја веста

30.08.2015 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега