Јолевски и Бејли ќе ја посетат билатералната воена вежба на Криволак

Министерот за одбрана Зоран Јолевски придружуван од американскиот амбасадорот Џес Бејли, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски и Командантот на Здружената оперативна команда на АРМ бригаден генерал Васко Ѓурчиновски, денеска на Армискиот полигон „Криволак“ ќе ја посетат билатералната воена вежба „Operation Phalanx-MACEDONIA“.

На вежбата „Operation Phalanx-MACEDONIA“ која почна на 28 август и ќе трае до 6 септември учествуваат припадници на декларираната чета на Воена полиција (ВП) од составот на баталјонот на ВП на АРМ и припадници на Воената полиција од Армијата на САД.

За време на посетата, како што соопшти Министерството за одбрана, пред гостите ќе бидат прикажани различни содржини и практични форми на воено-полициска обука, како што се: работа на контролна точка, справување со толпа, борба во урбана средина, патролирање, како и основно и напредно гаѓање со автоматска пушка М4 која е во вооружување на Армијата на САД.

Вежбата и заедничката обука помеѓу припадниците на АРМ и Армијата на САД претставува континуитет на одличната соработка помеѓу двете армии, но и можност за подигнување на нивото на интероперабилност и оперативна способност на декларираната чета на ВП, чие оценување (НАТО, Ниво 2) ќе се спроведе во наредниот период.

 

 

Оцени ја веста

31.08.2015 - 09:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега