На Битолскиот универзитет слободни 2.667 места во вториот уписен рок

Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола објави 2.667 слободни места за студенти бруцоши кои ќе може да се пријавуваат на 2 и 3 септември за студирање на прв циклус студии.

Втор уписен рок ќе се врши на сите високообразовни институции, а најмногу слободни места има на Факултетот за информатички и комуникациски технологии-ФИКТ во Битола и дисперзираните студии во Велес и Прилеп каде може да се запишат 516 студенти.

Според дополнителниот конкурс за упис на студенти на Техничкиот факултет-Битола има место за уште 426 студенти, на Факултетот за туризам и угостителство може да се запишат уште 229 студенти, на Економскиот факултет во Прилеп-327, Факултетот за биотехнички науки може да запише 203, а Високата медицинска школа огласи 172 слободни места.

Нови бруцоши може да се запишуваат и на Факултетот за безбедност (193 слободни места), на Правен факултет-Кичево (274), Технолошко-технички факултет-Велес (242), а најмалку слободни места има на Педагошки факултет-Битола (50) и на Ветеринарен факултет-Битола каде може да се врачат уште 35 индекси.

Од 2.667 слободни места, 1.142 се за студирање во државна квота, 848 се за студирање со партиципација, а 677 кандидати ќе може да се запишат во категоријата вонредни студенти, информираат од Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола.

 

 

Оцени ја веста

31.08.2015 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега