Заталканите скопјани на Бистра на безбедно

Дваесет и четиричасовната голгота на двајцата скопјани кои заталкаа на планината Бистра утрово заврши со среќен епилог. Заскитаните, утрово ги пронашла полициска патрола која трагала по нив.

Двете лица еден на 35 годишна возраст и другиот на 29 години кои вчера попладне се изгубија на падините на Бистра веќе се на безбедно и закрепнуваат. Истоштени без опрема и оскудно облечени, ноќта ја поминале под отворено небо. Според СВР Тетово, утринава околу 8 часот, патрола на полициското одделение Ростуше ги забележала во близина на месноста Сенечки ливади под врвот Меденица по што биле преземени со возило.

Драмата на двајцата скопјани започна вчера попладне кога по телефон побарале помош. Тие најверојатно загубиле ориентација и заталкале по падините на планината Бистра и не можеле да го најдат патот за враќање. По безуспешните обиди да се лоцираат синоќа, потрагата продолжила утрово, по што двајцата авантуристи се пронајдени.

 

 

Оцени ја веста

31.08.2015 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега