Нови детали за страотната сообраќајка кај Плетвар

На патот Градско-Прилеп синоќа околу 20 часот и 20 минути се случи сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Волсваген Шаран“ со скопски регистарски ознаки управувано од С.П.(48), товарно моторно возило „Пежо Експерт“ со бугарски национални ознаки управувано од Горан Ц.(23) и товарно моторно возило „Ман“ со битолски регистерски ознаки управувано од З.Р.(34).

Од здобиените повреди, соопшти денеска МВР, на местото на настанот починал возачот Горан Ц. и тригодишно девојче кое било сопатник во „Волсваген Шаранот“, со тешки телесни повреди се здобила М.Е.(59), а со телесни повреди се здобиле О.Е.(32) и две деца на возраст од една и седум години сите сопатници од истото возило. Од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица во Прилеп и се работи на расчистување на случајот.

 

 

Оцени ја веста

31.08.2015 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега