Новинар од САД ги снимал мигрантите - меѓу нив налетал на пијан Србин

Новинари од „Њујорк тајмс“ го посетиле паркот во Белград во кои подолго време има мигранти.

Тие сакале да ги снимат тажните приказни на бегалците, но во еден момент наидоа на пијан Србин меѓу нив. Станува збор за Иван Тобиќ, кој во 9 и 30 сабајле имал испиено 6 конзерви пиво и им свирел на мигрантите за да ги расположи.

Според американскиот новинар Набих Булос, се било во ред освен тоа што Србинот пиел алкохол, бидејќи поголем дел од мигрантите биле мусмимани па не конзумираат алкохол.

На прашање што прави таму, Србинот одговорил: „Сакам да им помогнам на бегалците бидејќи немаат каде да одат. Сакам да им помогнам, зошто да не? Ова е поради вас, Американците! Вие ја донесовте оваа војна во Сирија“, рече Србинот, кој за некои бил убаво друштво, но за некои не.

 

 

Оцени ја веста

31.08.2015 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега