ФОТО: Хиподром и Инџиково се поврзуваат со пешачки натпатник

Почна монтирањето на пешачкиот натпатник преку автопатот Скопје – Петровец, што ќе ги поврзе населбите Хиподром и Инџиково, во општината Гази Баба.

Денеска се монтираше долниот дел од првата половина на натпатникот. Во наредниот период ќе се комплетира првата половина од натпатникот, па ќе следи монтирање и на втората половина од конструкцијата. Ако во наредниот период временските услови се поволни, изградбата на овој пешачки натпатник се очекува да заврши до крајот на октомври.

Целта на овој проект на Градот Скопје е да се овозможи непречено и безбедно движење на граѓаните од двете населби преку автопатот. Изградбата на натпатникот е од исклучително значење за жителите на Хиподром и на Инџиково зашто оваа локација со години претставува црна сообраќајна точка на автопатот кон Петровец, со многу сообраќајни несреќи.

Градот Скопје на оваа локација сега гради челичен натпатник со бетонски столбови, челични скали и челични рампи, кој ќе овозможи безбеден премин на пешаци, пешаци со велосипеди и лица со посебни потреби. Натпатникот ќе биде долг 63 метри, а широк 5,4 метри. Површината за движење ќе биде широка 3,1 метар. По должината на натпатникот ќе биде поставена ограда висока 2 метра, изработена од челични профили и челична мрежа, како и конзоли за инсталации.

Новиот натпатник што ќе ги поврзе населбите Хиподром и Инџиково ќе го осветлуваат 12 канделабри, а ќе бидат осветлени и рампите. За изградба на овој натпатник Градот Скопје ќе потроши околу 38 милиони денари.

 

 

Оцени ја веста

31.08.2015 - 14:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега