Годинава државна матура по стар модел, законски измени од 2016-та

Средношколците и оваа година ќе полагаат државна матура според стариот модел, а за септември 2016-та година се одложени и измените на законот за високо образование.

-Во меѓувреме ќе направиме се што е во наша моќ за да бидат вклучени сите засегнати страни на кои што се однесува законот и во заеднички консултации да се дојде до најдобрите можни решенија некаде до септември 2016-та година, најави вчера при посетата на Дојран, премиерот Груевски.

И со ова изјава на претседателот на Владата уште еднаш се потврдија заложбите на Владата и Министерството за образование и наука, за креирање на дијалог со сите инволвирани страни во образовниот процес, а во насока на креирање на заеднички решенија во областа на реформи во средното и високото образование кои ќе бидат квалитетни и издржани.

Претставниците од образованието сметаат дека со одлагањето на примената на новините во овие закони се остава доволно простор за сите претставници од образованието како и на учениците и студентите со активно учество и дијалог да придонесат за изнаоѓање на најдобри решенија во ова област за која едногласни се размислувањата дека се потребни реформи.

И токму затоа, велат вработените во образованието, е потребно преку понудениот дијалог а не преку политизирање на овие реформи заеднички да се дојде до најдобрите решенија.

 

 

Оцени ја веста

31.08.2015 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега