Францускиот државен секретар за европски прашања Арлем Дезир во Македонија

Делегација на француското Министерство за надворешни работи и меѓународен развој, предводена од државниот секретар за европски прашања Арлем Дезир денеска ќе престојува во работна посета на Македонија.

За време на еднодневниот престој, француската делегација ќе биде примена од вицепремиерот задолжен за европски прашања Фармир Бесими.

На средбата, како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, ќе се разговара за европската интеграција на Република Македонија, како и за заложбите на двете земји за отворена и искрена понатамошна соработка.

Според најавата, Арлем Дезир во Собранието на Република Македонија ќе има заедничка средба со членовите на Комисијата за европски прашања и на Комисијата за надворешна политика.

 

 

Оцени ја веста

02.09.2015 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега