Скопската обиколница затворена до 28 септември поради снимање филм

Обиколницата крај Скопје од утре до 28-ми овој месец  ќе биде затворена за сообраќај  секој работен ден од 7 до 19 часот на потегот од клучката Хиподром до клучката Сарај, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Оттаму посочуваат дека на 22 септември годинава ќе биде редуциран и режимот на работа на патарината Петровец, додека секциите на автопатот околу Градско ќе бидат затворени во периодот од 28 септември до 25 октомври годинава и сообраќајот ќе биде пренасочуван.

Причина за посебниот режим на сообраќај, како што соопшти АМСМ, е снимањето на францускиот игран филм „.2015 А Фонд“ од страна на Мануфактура Продукција од Скопје.

- Филмот ќе се снима на обиколницата околу Скопје, на одредени секции на автопатот Е-75 како и на патарината Петровец во периодот од 3 септември до 25 октомври годинава, прецизираат од АМСМ.

 

 

Оцени ја веста

02.09.2015 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега