Шест часа беснееше пожар во Велес
Големиот пожар кој беснее над Велес, на потегот од ридот над Башино село кон езерото „Младост“, е пријавен вчера попладне во 13:50 часот.
И покрај брзата интервенција на Противпожарната единица од Велес со пожарот беше зафатена шума, борчиња, трева...
Поради ветрот кој непрекинато дуваше огнот се шири кон езерото „Младост“, а моментално, како што информираат од Противпожарната единица од терен, пожарникарите се бореа со огнената стихија да не биде зафатена една куќа.
Во гасењето на пожарот се активирани и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување.
По 6 часа борба со огнените јазици, пожарот е изгаснат пред да зафати станбени објекти.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа