Македонски економски самит од 18 до 20 ноември во Скопје

Од 18 до 20 ноември во Скопје ќе биде одржан Македонски економски самит во организација на „Македонија2025“.

Фокусот на самитот ќе биде како да се поврзе Македонија со поширокиот регион и тој ќе претставува платформа за воспоставување комуникација меѓу македонската деловна заедница и претставниците од странство.

На самитот најавено е учеството на Хери Кремер, професор по стратегии на Школата за менаџмент Келог од САД, Џејмс Логан Џонс, поранешен советник за безбедност на претседателот на САД, Гуру Банавар, извршен директор за технологии на ИБМ, претставници на Одборот на директори на Македонија2025 и еномирани економисти и менаџери.

Досега, „Македонија2025“ организираше два самити во Охрид, како и два бизнис форуми во Торонто и во Париз. На овие настани учествуваат над 100 говорници од Македонија и од 40 други држави и беа организирани 200 средби меѓу компаниите.

 

 

Оцени ја веста

02.09.2015 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега