Околу 500 бегалци се упатија кон граничниот премин Табановце

Пред околу еден час утрово од железничката платформа кај прифатниот пункт за мигранти од Гевгелија кон Табановце замина првиот специјален воз со околу 500 бегалци кои беа пристигнати во текот на ноќта, пренесе МИА.

Според информациите од железничка станица во Гевгелија, денеска кон северната граница треба да заминат три воза. Следниот по околу еден час ќе биде поставен на платформата кај прифатниот камп.

Во текот на изминатото деноноќие, со четири специјални возови од Гевгелија до Табановце транзитирале околу 2.200 мигранти. Бројот на возови и распоредот на нивно тргнување се утврдуваат според потребите на прифатниот камп.

Проценките на УНХЦР велат дека вчера низ земјава транзитирале околу 3.000 мигранти, затоа што покрај возовите од Гевгелија кон Табановце заминале уште десетина автобуси и исто толку такси возила.

Од меѓународниот Црвен крст велат дека неопходната медицинска помош им се дава на сите мигранти на кои им е неопходна. Според нивна евиденција, најмногу мигранти доаѓаат од Сирија, но во последно време се повеќе ги има и од Ирак, Иран, Авганистан, Пакистан, Бангладеш,Сенегал и Конго.

Како куриозитет вчера во кампот во Гевгелија било евидентирано и едно малолетно лице од Шпанија.Многу фирми од земјава и понатаму донираат храна и вода за бегалците.

 

 

Оцени ја веста

02.09.2015 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега