Пожар беснее кај Студеничани и Зелениково

Ноќеска, во 1 часот по полноќ е локализиран пожарот кај велешкото езеро „Младост“. Во моментов се работи на негово целосно гаснење. 

Како што информира денеска Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), пожарот избувна вчера во 14.15 часот и зафати насади од борова шума и се ширеше со голем интензитет.

Во гаснењето биле ангажирани вработени и два авиона на Дирекцијата за заштита и спасување, 10 лица од ТППЕ Велес, четири лица од Шумско Стопанство и други субјекти.

Локализиран е пожарот, но не и целосно изгаснат во општина Студеничани, кај селата Елово и Осинчани. Во пожарот, кој избувна вчера, гори мешана шума.

Вчера таму беше ангажиран еден авион на Дирекцијата за заштита и спасување, 21 припадник на силите за заштита и спасување и ТППЕ-Скопје. 

Утрово е регистриран пожар кај село Дејковец, општина Зелениково, каде што гори мешана шума. Во гаснење на пожарот учествуваат два авиони на ДЗС и повеќе припадници на „Македонски шуми“ и месното население.

 

 

Оцени ја веста

02.09.2015 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега