Во изминатите 24 часа издадени се 1.487 потврди на мигранти

Во изминатото деноноќие издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на 1.487 странски државјани, од кои 939 се од машки пол, 203 од женски, а 288 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 57 деца кои патуваат без родител.

Најголем дел од нив 1.145 се државјани на Сирија, 229 се од Авганистан, 57 од Ирак, а другите се во помал број.

Од 19 јуни годинава досега издаени им се потврди на 55.058 странски државјани, од кои 37.869 се од машки пол, 7.539 од женски, 8.626 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 1.024 деца кои патуваат без родител. Најмногу потврди 44.623 се издадени на државјаните потоа следат државјаните на Авганистансо 3.054 потврди, Ирак со 2.534, Пакистан со 1.633, Палестина со 699, Сомалија со 564, Бангладеж со 365, Конго со 323, Нигерија со 192, Камерун- со 159 Еритреја со 142, Етиопија со 109 потврди, додека останатите се во помал број.

Во изминатите 24 часа до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда при што 36 се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил вчера се евидентирани вкупно 11 баратели на азил, од кои 7 се мажи меѓу кои еден е повреден), 1 барателки на азил е жена и 3 баратели на азил се малолетни лица. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 4 баратели на азил - еден маж, една жена и две деца од кои едно дете е без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

 

 

Оцени ја веста

02.09.2015 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега