Повеќе скопски села и улици утре без струја

Поради технички зафати во електро - системот, без струја утре од 6 до 8 часот ќе останат корисниците од улицата  „Дане Крапчев“ бр. 28 и другите во непосредна близина и Бул. „Партизански Одреди“  со броевите 40, 40а, 42, 42а, 44, 44а, и 46а.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без електрична енергија од 8:30 до 10:30 часот ќе останат корисниците од улицата „Тодор Чангов“ подулици 41, 43, 45, 49, 51 и 5., од 8:30 до 14:30  часот делови од селата Љубош и Батинци, од 8:30 до 13 часот корисниците од улиците „Димче Мирчев“ бр. 18 ( зграда на Идеа Плус ) и „50 Дивизија“ бр. 36, од 8:30 до 14 часот корисниците од дел од улицата „Метохиска“ и од 8:30 до 15 часот корисниците од улицата „Божин Николов – Силни“.

 

 

Оцени ја веста

02.09.2015 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа