Опозицијата фалсификува - решението на Судот за бомбите не го донела Лаличиќ

Класичен фалсификат е наводното решение според кое судечкиот судија Софија Лаличиќ одлучила материјалите прибавени со незаконско прислушување, дел од аферата на СДСМ, да не може да се користат како докази во судска постапка.

Како што дознава Press24 таквото решение го донела судијката на претходна постапка Славјанка Јанчовска која има 40 години искуство во правосудството. Судијата Лаличиќ е судечки судија, а не судија на претходна постапка и воопшто не може да одлучува во оваа фаза, па оттука останува нејасно како медиумите меѓу кои и оние во кои работат новинари со големо искуство во следењето на судски предмети објавија фалсификувано решение кое од утринава кружи по социјалните мрежи.

 

 

Оцени ја веста

02.09.2015 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега