Тодоров: Со заштедените средства од тендерот за лекови целосно ќе се реконструира инфективното одделение во болницата во Велес

По спроведената централизирана набавка на вкупно 353 лекови за потребите на јавните здравствени установи, Министерството за здравство заштеди над 250 милиони денари за период од две години, информираше денеска на прес-конференција министерот Никола Тодоров, пренесе МИА.

- Станува збор за тендерот за набавка на вкупно 606 лекови кој веќе го најавивме. На ниво на јавни здравствени установи, најголема заштеда е постигната кај Универзитетска клиника за неврологија со заштеда над 75 милиони денари, Универзитетска клиника за детски болести околу 52 милиони денари, Универзитетска клиника ТОАРИЛУЦ со над 13.5 милиони денари, Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија над 8.6 милиони денари и Општа болница Прилеп со заштеда над 7.5 милиони денари, истакна Тодоров.

Најголема заштеда била постигната кај интерфероните, каде што вкупната заштеда изнесува 70 милиони денари. Потоа следуваат лековите гентамицин, кетопрофен...

- Министерството за здравство одлучи дел од заштедените средства да ги инвестира во комлетна реконструкција на Инфективното одделение во општата болница во Велес која што е повеќе од 30 години стара и со поплнет капацитет. Целиот простор на инфективното одделение има капацитет од 35 болнички кревети, а во случај на зголемен број на болни кога има зголемена појава на случаи со грип сместувачкиот капацитет се дополнува со уште 15 болнички кревети, рече Тодоров.

Минатата година на ова одделение биле сместени вкупно 843 пациенти, со 5.451 болнички денови, а во првата половина од 2015 година биле хоспитализирани вкупно 473 пациенти со 3.215 болнички денови.

Покрај инфективното одделение, министерот најави дека ќе биде извршена и помала реконструкција во други одделенија од болницата, кои не биле опфатени со претходната реконструкција. За реконструкцијата на болницата, Министерството почнало постапката за изработка на проект, по што болницата ќе објави тендер за изведба на градежните работи.

Тодоров потесети дека со претходните набавки на лекови за јавните здравствени установи со овозможен паралелен увоз, остварена е заштеда од околу шест милиони евра, од која најголем дел бил остварен на универзитетските клиники. Заштедените средства, рече Тодоров, биле наменети за зголемување на платите на докторите-специјалисти и субспецијалисти. 

На прашање дали некои производители на лекови ги повлекуваат понудите, министерот рече дека секош имало такви, но на нивно место понуди праќаат други. А за производителите кои ги повлекуваат понудите за лекови за кои нема замена, Тодоров рече дека тие на тој начин сакаат да си ја зголемат цената. Но за тоа, додаде, следуваат законски обврски односно пред да повлече некој лек, ќе треба да обезбеди доволни количини за осум месеци. Доколку производителите ја уценуваат државата со таквата постапка, рече дека е можно да се случи и до недостиг на некои лекови.

На прашање за одбивањето на матичните лекари да даваат здравствени услуги на мигрантите во Гевгелија, министерот Тодоров рече дека Министерството има спремено протокол со повеќе сценарија за проценка на ризиците во случај на сериозна ескалација на мигрантската криза.

- Таму имаме мерки коишто ќе бидат превземени со цел да се одговори на состојбата. Една од мерките, која е и последна мерка, е кога состојбата комплетно е екалирана, ако има повредени, односно кога ќе има сериозна потреба од здравствени услуги е и тоа да се вклучат што е можно поголем број на доктори.

 

 

Оцени ја веста

02.09.2015 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега