Изградба и реконструкција на пешачки патеки и тротоари во општина Гази Баба

Општина Гази Баба започнува со изградба и реконструкција на пешачки патеки и тротоари низ цела територија на општината.

Градоначалникот Тони Трајковски присуствуваше на почетокот на градежните работи за изведба на тротоар на улицата „Лазар Поп Трајков“ во Автокоманда, каде пред присутните медиуми најави изградба и реконструкција на пешачки патеки и тротоари на подрачјето на општината, во должина од околу 7200 метри и тоа:

- тротоар по улицата „Лазар Поп Трајков“ на потегот помеѓу улиците „Габреш“ и „Бапчор“ во Автокоманда;

- тротоар пред влезот на ОУ „25 Мај“ во Ченто;

- сервисна улица – крак на улицата „Сречко Пужалка“ во Ченто;

- тротоар на улицата „Сречко Пужалка“ во Ченто;

- тротоар на улицата „Палмиро Тољати“ во Ченто;

- нова пешачка патека кај зградите до паркот „Борис Трајковски“ во Ченто;

- санација на пешачка патека во паркот „Борис Трајковски“ во Ченто;

- тротоар на улицата „Перо Наков“ кај Кванташки во УЗ „Кирил Петрушевски“;

- тротоар по улицата кај ЖАС во Керамидница;

- изградба на сквер во Хиподром;

- тротоар по улицата „Карл Либкнехт“ во Триангла;

- тротоар на улица „Антон Велковски“ во Стајковци;

- тротоар на улица Алија Авдовиќ, од Сингелиќ до Стајковци;

- санација на тротоар пред Културниот дом во Булачани;

- пешачки патеки во дворот на ОУ „Наум Охридски“ во Црешево;

- тротоар на улица 10 во Инџиково;

- тротоар на патот Р 103 кај Колонија;

- тротоар на улица 2 кај градинката во Колонија;

- тротоар од мостот до црквата во Јурумлери;

- пешачка патека кај гробиштата во Јурумлери.

Работите ќе ги изведува фирмата ЈУ-БАЈ 2 Амет ДООЕЛ, а висината на средствата за овие активности изнесуваат 13 милиони денари, од кои општината ќе учествува со 4,5 милиони денари, а останатите финансиски средства се од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

 

 

Оцени ја веста

02.09.2015 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа