Најголемата партија во Европскиот парламент со силна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ

Најголемата политичка партија во Европа и најбројна во Европскиот парламент, Еворпската народна партија (ЕПП), ќе и даде силна и активна поддршка на својата сестринска партија од Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори што ќе се одржат во април идната година, пренесе МИА.
 
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, партијата од чии редови се и претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија, Доналд Туск и Жан-Клод Јункер, како и еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, на денешното партиско политичко собрание во Брисел, на кој присуствуваше и македонскиот пратеник Владимир Ѓорчев, се согласиле да и дадат силна поддршка на својата сестринска партија од Македонија.
 
Ова на еден од најактивните пратеници на владејачката партија во Македонија, меѓудругото на неговиот билатерален состанок му го потврдил и претседателот на ЕПП, Жозеф Дол. 
 
- Главна тема на денешното политичко Собрание на ЕПП беше актуелната криза со мигрантите. Но, во билатералните средби што ги имав, главна тема беше информирање на главните луѓе во Европската народна партија за актуелните состојби во Република Македонија. Она што е добро е дека во претстојниот период очекуваме посета на високи претставници на ЕПП, пред се на претседателот Дол, како и на генералниот секретар Антонио Лопез-Истуриз. Договорени се и поголем број обуки што ќе се однесуваат на нашите активисти и на нашиот изборен штаб. Сето тоа ќе биде според кампањата што ја имаше Европската народна партија за европските избори, потенцира пратеникот Ѓорчев.
 
Како што е познато, ЕПП на минатогодишните избори за пратеници во Европскиот парламент оствари убедлива победа, поради што оваа партија е на власт во Европарламентот, а и од нејзините редови беа избрани првите луѓе на Европската унија.
 

 

Оцени ја веста

02.09.2015 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа